БУЧИМ АД – Радовиш

БУЧИМ” – Радовиш – акционерско друштво за рударство и металургија на бакар. Граден е од 1976 г., а работи од 1979 г. Производна програма: 3.800.000 тони бакарна руда годишно (со средно 0,25% бакар, 0,8–1 г сребро и 0,3–0,4 г злато во еден тон руда) од кои со флотација се извлекуваат корисните минерали со про-сечно флотациско искористување од 90% за бакарот, 30% за среброто и 60% за златото, така што годишно се добиваат во просек 40.000 тони бакарен концентрат кој дава 8.000 тони бакар. Со металуршка преработка на концентратот (надвор од РМ) се издвојуваат и злато и сребро (и двата метала со чистота од 99,99%) и тоа во количество средно од 500 до 600 кг злато и од 500 до 600 кг сребро. Лежиштето е составено од три рудни тела: Чукар, Вршник и централен дел. Освен металните минерали халкопирит, халкозин, пирит, хематит, магнетит, молибденит (со застапеност и на златото и на среброто), рудата содржи и неметални минерали фелдспат и кварц. Има променлив број вработени, во 1999 г. речиси 800. Приватизацијата е вршена во повеќе наврати. Со активноста на рудникот и флотацијата се зафатени и се загрозени големи површини во близина на Радовиш. Преземени се успешни зафати за ревитализација на почвата на браната на хидројаловиштето. Еден е од основачите на „Голдмак” – Радовиш. Освен во Бучим, рудишта и појави на бакар се среќаваат и во металогенетските реони Боров Дол, Плавица, Златица, Црни Врв, северно ција се врши единствено во рудникот „Бучим”. ЛИТ.: В. Чифлиганец, Рудишта и поја
ви на бакар во Република Македонија, типови и реонизација, Рударско-геолошки факултет Штип, 1993 г.
Св. Х. Ј. – С. И.