БУФЧАНСКО ОРО

– македонско женско народно оро во метар 2/4, најзастапено во Битолско. Рацете се држат за китките, малку свиткани во лактите, до рамената. Движењата се мирни и елегантни, темпото е умерено, а кон крајот постепено се забрзува. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 56. Ѓ. М. Ѓ.