БУГАРСКО-ГЕРМАНСКИ ВОЕН СОЈУЗ (1915–1918)

Бугарија и Германија ги потпишале во Софија билатерелните договори (24. Ⅷ / 6. IX 1915): Договорот за пријателство и сојуз и Договорот за војна против Србија и тристрана Воена конвенција: Германија, Австро-Унгарија и Бугарија (во Плес). Со првиот договор Германија се обврзала на Бугарија да $ гарантира независност и територијален интегритет во постојните граници за времетраењето на договорот, до 31. Ⅻ 1920 г. Со вториот договор Германија на Бугарија $ гарантирала да ги анектира сите територии на кои претендирала: Македонија под српска власт („неспорната” и „спорната” зона според Српско-бугарскиот договор од 29. Ⅱ / 13. Ⅲ 1912 г.); од Македонија под грчка власт, во случај Грција да влезе во војна против Бугарија или против нејзините сојузници, да ги анектира териториите што ги добила Грција со Букурешкиот мировен договор (1913), источниот дел од Србија до р. Морава; од Романија, во случај да влезе во војна против Бугарија или против сојузниците, да ги окупира териториите што ги добила со Букурешкиот договор и да ја коригира бугарско-романската граница определена (1878) со Берлинскиот договор. Со Конвенцијата било утврдено заедничко настапување на нивните сили во војната против Србија, координирање на воените дејства, командувањето, како и обврската на Германија за воена помош на Бугарија. Во октомври Бугарија влегла во војна и ги окупирала договорените територии. Во Ниш (25. Ⅻ) бил потпишан Протокол за експлоатација на железничката линија Ниш–Скопје–грчка граница, а потоа и Спогодба на главните штабови за снабдувањето во окупираната Македонија (4. Ⅰ 1917), а на 29. XI 1917 г. Договор за снабдување на германските армиски единици шулц на Македонскиот фронт. Бугарија останала во Сојузот до капитулацијата (29. IX 1918). ЛИТ.: Македонија во меѓународните договори (1913–1940), Скопје, 2006; История на българите в документи, Ⅱ. 1912– 1918, София, 1997; Кесяков, Принос към дипломатическата история на България, 1878–1925, София, 1925. М. Мин.