БРУТО ДОМАШЕН ПРОИЗВОД (БДП)

БРУТО ДОМАШЕН ПРОИЗВОД (БДП) – збир на вредноста на сите произведени финални добра и услуги за определен временски период (година, квартал и сл.). Се пресметува со помош на три методи: производен, расходен и приходен. БДП по пазарни цени претставува финален производ на производната активност на резидентните производни единици и е збир на бруто додадената вредност од поодделните институционални сектори или поодделните дејности, плус данокот на додадена вредност и царините минус субвенциите на производи што не се распределени по дејности (производен метод). БДП се пресметува и како збир на финалната употреба на добра и услуги мерени по набавни цени, намален за вредноста на увозот на добра и услуги (расходен метод). БДП се пресметува и како збир на примарните доходи распределени меѓу резидентните производни единици (приходен метод). Слична макроекономска големина како БДП е индикаторот БНП, кој се добива кога БДП ќе се коригира за износот на т.н. нето доход од имот во странство. БДП се пресметува по тековни и постојани цени, како номинален и реален, како фактички (актуелен) и потенцијален, во апсолутен износ и изразен пер цапита и сл. Кога од БДП ќе се одземе потрошениот фиксен капитал (амортизацијата) се добива нето домашниот производ или националниот доход на една земја. БДП дава глобална претстава за економската активност, за достигнатиот степен на економската развиеност, за можностите за потрошувачка и инвестиции на одредена земја во определен временски период. Во компаративните проучувања најчесто се користат податоци за БДП пер цапита, ис-кажан во американски долари, или БДП пер цапита според паритетот на куповната сила, исто така, искажан во американски долари (ППП УС $). Во периодот по Втората светска војна односно до средината на 90-тите години на минатиот век во РМ егзистираше системот на макроекономски биланси и се пресметуваше агрегатната големина општествен производ, кој ги опфаќаше резултатите на економската активност во сферата на материјалното производство и производните услуги. Потоа нашата земја го напушти системот на макроекономските биланси и категоријата оштествен производ и почна да го применува системот на национални сметки и да пресметува БДП. Со помош на стапките на раст на БДП се изразува темпото на економскиот