БРОКЕРСКИТЕ ДРУШТВА ВО МАКЕДОНИЈА

– акционерски друштва кои ги извршуваат активностите во врска со тргувањето со хартии од вредност на македонскиот пазар на хартии од вредност. Всушност, тие ги реализираат налозите од нивните клиенти за купување и продавање на ХВ, но можат да реализираат и сопствени налози. Исто така, брокерските друштва можат да вршат услуги во врска со емисија на нови ХВ, потоа услуги на инвестиционо советување и услуги во врска со преземања на акционерски друштва. Во еден период (1997-2000) само брокерските друштва можеа да бидат членки на берзата и да тргуваат на истата, но со подоцнежните законски промени се овозможи бан-ките директно да учествуваат на берзанскиот пазар, без претходно да имаат основано посебно брокерско друштво. Со зголемувањето на обемот на тргувањето на берзанскиот пазар за ХВ, се зголеми и бројот на брокерските друштва во РМ. Во текот на 2006 г., на берзанскиот пазар на ХВ учествуваа 11 самостојни брокер-ски друштва и шест банки.
Учесници на берзанскиот пазар во Република Македонија
Учесници на берзанскиот пазар Учество во прометот во 2006 г. (во %)

ИЗВ.: Годишен билтен на Македонската берза за хартии од вредност 2006, //њњњ.мсе.орг.мк//. ЛИТ.: Закон за хартии од вредност, Службен весник на Република Македонија, бр. 95, 2005.; Комисија за хартии од вредност на Република Македонија, (2007),
Извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност во 2006 година; Годишен билтен на Македонската берза за хартии од вредност 2006, //њњњ.мсе.орг.мк//. Т. Ф.
Јулијан Владимирович Бромлеј