БРОД ГНЕОТИНО

БРОД ГНЕОТИНО – наоѓалиште на јаглен. Просторно, наоѓалиштето Брод Гнеотино се наоѓа јужно од наоѓалиштето Суводол. Продуктивната јагленосна формација ги зафаќа највисоките делови на базалната формација. Во источниот рабен дел, каде што исклинуваат јагленовите слоеви, формацијата е поделена на осум поединечни слоеви со променлива моќност од 0,2 до 7,5 м, додека кон запад се интерферираат во еден јагленов слој со максимална дебелина од 15,8 м. Просечните вредности на квалитативните параметри на јагленот укажуваат дека станува збор за скоро идентична јагленова супстанција со наоѓалиштето Суводол. Вкупните геолошки резерви на наоѓалиштето Брод Гнеотино изнесуваат 94 х 106 тони, распоредени по одделни категории. ЛИТ.: П. Лазаров и Т. Серафимовски, На-оѓалишта и појави на енергетски суровини во Република Македонија, Посебно издание бр. 6, РГФ, Штип, 1997. Т. Сер.