БРЕСТО – БУРЛАТИЦА (с. Виничани, Велешко)

БРЕСТО – БУРЛАТИЦА (с. Виничани, Велешко) – некропола на 2 км североисточно од селото. Локалитетот е пресечен со магистралниот пат и со железничката линија СкопјеГевгелија, сместен кон утоката на Брегалница во Вардар. Во 1955 г. била прекопана некрополата, при што била најдена и фрагментирана фибула со маска од доцниот Ⅵ – раниот Ⅶ в. што се атрибуира на Словените т.е. Антите. Археолошки интервенции се вршени во 1956 г. при што се откриени гробови на редови, а накитот (главно обетки и прстени) се датира во IX–Ⅹ в. и пошироко. ЛИТ.: М. ќоровиќ-Љубинковиќ, Виничани, Зборник посветен на Бошко Бабиќ, Прилеп, 1986, 133–137. Ел. М.