БРЕЗА


БРЕЗА (Бетула Л., фам. Бетулацеае)
– родот опфаќа околу 60 вида листопадни дрвја и грмушки, распространети низ Северната хемисфера. Во нашата земја се среќава само еден вид (Б. верруцоса Л.) со општа распространетост по високите планини. Дрво до 30 м високо, со право стебло, бела кора, светла и разгранета круна и со тенки, провиснати гранки. Леторастите имаат брадавици (верруца). Листовите се ромбични врз долга дршка. Има средно тврдо, светло дрво. Со белата кора и провиснатите гранки претставува многу ценет декоративен вид наречен уште и „кралица на парковите”.
Ал. Анд.