БРЕГАЛНИЧКА БИТКА

БРЕГАЛНИЧКА БИТКА (30. Ⅵ – 8. Ⅶ 1913) – одлучувачка битка во Втората балканска војна. Против српската војска Бугарија ја ангажирала 4. армија (7. рилска дивизија, 9. тунџанска дивизија, 3. дивизија и 2. тракиска дивизија). Србија ги ангажирала 1. и 3. армија (175.000 војници, 62 артилериски батерии и 34 коњанички ескадрони). Битката започнала ноќта на 30 јуни и завршила на 31 јули 1913 г. Со потпишано примирје завршила Втората балканска војна. Српската војска имала 16.200 загинати и ранети, а бугарската околу 25.000 загинати. ЛИТ.: А. Христовъ, Исторически преглед на војната на България среÈу всички балкански държави 1913 г., София, 1924.
В. Ст.