БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ – СТРУГА (спомен-куќа)

„БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ” – СТРУГА (1962) – спомен-куќа со постојана поставка за животот и делото на браќата Димитрија и Константин Миладинови (в).

Спомен-куќата на браќата Миладиновци во Струга

Била отворена по повод 100-годишнината од нивната смрт. Во една соба е уредена изложба на оригинали и супститути (фотографии, документи и тродимензионални предмети), книги и статии за нивниот живот и дело. Во изложбата посебно е потенцирана нивната просветителска и собирачката дејност на македонското народно творештво (Зборникот на народни умотворби), како и поетските творби на Константин, особено елегијата „Т’га за југ”, една од најзначајните македонски литературни творби од ⅩⅠⅩ в. К. Бог.