БРАТСТВО, АД – Охрид

БРАТСТВО”, АД – Охрид – занаетчиско претпријатие основано во 1949 г. под назив „Марко Нестороски”, а негова основна дејност била вршењето ламаринарски услуги. Во 1952 г. со решение на Народниот одбор на Општината Охрид претпријатието е регистрирано под назив: Државно индустриско занаетчиско претпријатие – Охрид. Од крајот на 1954 г. почнува да работи под ново име: Индустрија за метални производи „Братство” – Охрид. Основни дејности биле: производство на метален мебел, алуминиумски и хромиран прибор за јадење и разни делови и алати. Од 1974 г. започнува со производство на прибори за јадење, садови за домаќинство и угостителство и опрема за: болници, ресторани, прехранбената индустрија и за армијата, од челик кој не жрѓосува. Бројот на вработените варира и се движи: 1963 – 332, 1989 – 620, 1994 – 510, 2003 –
210. Сл. А.