БРАНЃОЛИЦА (БОЖИНОВА), Вера

Вера (Божинова) Бранѓолица

БРАНЃОЛИЦА (БОЖИНОВА), Вера (Скопје, 16. Ⅶ 1936) – балерина. Нижо и средно балетско училиште завршила во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. Член на Балетот при МНТ (1949-1976). Истакната солистка, изразито музикална, со чувство за драматуршко обликување на ликовите.
Улоги: Тамара (М. Балакирјев, „Тамара”), Воденичарка (М. де Фаља, „Трирогата шапка”), Дадилка (С. Прокофјев, „Ромео и Јулија”), Кармен (Бизе-шчедрин, „Кармен”) и др. Ем. Ⅹ.