БРАКО – фабрика

„БРАКО” – Велес – фабрика за метално-жичени производи, основана во 1947 година. Од 2003 е приватна компанија со ревитализиран и обновен машински парк. На простор од 120.000 м денес  работат 260 вработени управувани од Управен одбор и менаџер. Носечката производствена програма е главно жичени производи со 1.200-1.400 т/мес, или вкупно
14.000 т/год (2005) производство и годишен обрт од 18.000.000 €. 85% од жичените производи се извезуваат во Грција, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Австрија, Италија и Унгарија. Покрај жичените производи „Брако” има програма за медицински мебел со палета од околу 40 производи; индустриски транспортери, товарни приколки, метални гаражи и опрема за специјални намени за војската: кујни автоприколки, опрема за кампување и др. Сл. А.