БОЈАЏИЕВ, Илија Симонов

БОЈАЏИЕВ, Илија Симонов (Дебар, 17. Ⅶ 1932 – Скопје, 23. Ⅹ 2006) – педијатар, имунолог, редовен проф. на Мед. ф. Завршил Мед. ф. во Скопје (1958), а се вработил на Клиниката за детски болести (1961), каде што останал до пензионирањето. Специјалистички испит положил во 1965 г., а докторирал во 1983. Од 1984 г. станал наставник на Мед. ф. по предметот педијатрија и бил долгогодишен шеф на Катедрата по педијатрија, со особен интерес за имунологијата во детската возраст. Објавил книга „Детска имунологија” (1992) и поглавје Исхрана на здраво дете, во книгата „Педијатрија” (1995), како и многубројни трудови од истите подрачја.
Н. П.-Ј.