БОШНАКОВ, Марко Стојанов

(Охрид, 1874 – Мурзук, во областа Триполи Фезан, Либија, 14. Ⅱ 1908) – еден од најстарите гемиџии, анархист. Завршил гимназија, се вклучил во ТМОРО и станал комита (1900). Извесно време бил под влијание на Борис Сарафов. Се вклучил во илегалниот Гемиџиски кружок во Солун (1902) и, заедно со В. Пингов, се обидел да ги минира Топането и хотелот
Вардар”, но ненадејно биле пресретнати од османлиски војници. Во престрелката неговиот соборец загинал, а тој бил фатен и осуден на смрт, но казната му била заменета со доживотен затвор. Починал во заточеништво (од мочуришна треска). Неговите другари-гемиџии Павел шатев и Георги Богданов ја донеле неговата глава во Македонија и ја предале на неговите родители.
ЛИТ.: Д-р Крсте Битоски, Солунските атентати 1903, ИНИ, Скопје, 1985; Јован Павловски, Гемиџиите, „Матица македонска”, Скопје, 1997; Никола Целакоски,
Гемиџијата Марко Бошнаков. Кон 100 годишнината од гемиџиските настани, Ох-рид, 2003. С. Мл.