БОШКОВСКИ, Карпуш Благоев

Карпуш Бошковски

(Прилеп, 22. Ⅱ 1951– Скопје, 9. Ⅵ 2007) – специјалист по судска медицина, редовен проф. на М. ф (од 1997). Медицина завршил во Скопје. Од 1976 г. работел на Институтот за судска медицина и криминалистика при скопскиот Мед. ф., каде што и специјализирал. Докторирал во 1987 г., ја формирал Катедрата за медицинска етика и деонтологија (1993) и бил продекан на Мед. ф. (1999– 2004). Учествувал во неколку интердисциплинарни проекти. Публикувал и презентирал над 100 труда. Бил претседател на Здружението за судска медицина на РМ.
ИЗВ.: Билтен на УКИМ, бр. 829; Архив на Персоналното оддел. на Институтот на Мед. ф. БИБ.: Медицинска етика и деонтологија, Скопје 1991. Сл. М. П.