БОЧВАР, Марко

БОЧВАР, Марко (Боцарис Маркос) (ок. 1788 – Мисолунги, 21. Ⅷ 1823) – учесник во Грчкото востание. Со наредба од претседателот на востаничката влада, Маврокордатос, бил назначен за командант на грчките востанички сили (1823). Загинал при одбраната на Мисолунги. Бил близок со Бајрон, кој изразил желба да биде закопан до Бочвар. ЛИТ.: Христо Полјански-Андонов, Одбрани дела, Ⅱ, Скопје, 1981; Т. Симовски, Од каква народност е Марко Бочвар или Боцарис, ГИНИ, И/1, Скопје, 1957. Д. Јов.