БОРОВИНКА

БОРОВИНКА (ОФИНКА) . (Вацциниум мѕртилус Л.) – ниска грмушка до 50 см. Во Македонија се сретнува на надморска височина од 900 м до 2.300 м. Порано се откупувале 500-600 т годишно. Плотчињата се ситни (0,2-0,5 г). Содржи (8%–9%) шеќери, (0,5%–2%) пектин, (40–90 мг %) витамин С, (3,6–9 мг %) каротиноиди и др. лековити состојки што го подобруваат видот и го разложуваат шеќерот кај дијабетичарите. Б. Р.