БОРБИТЕ ВО СОЛУНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОКРУГ

(1903). Според Општиот план за востание (1903) за ограничени дејства во Солунскиот револуционерен округ, округот бил поделен на три востанички реони: 1. западно од р. Вардар, 2. Кожув и источно од Вардар, и 3. востанички округ Беласица. Во двата востанички реона засилено дејствувале четите, без да се вовлекува населението. Во Ⅱ востанички округ (Кожув) дејствувале четите на Апостол Петков, Иван Карасулијата, Аргир Манасиев, Сава Михајлов, Петар Јуруков, Лазар Мишев и др. Поголеми борби се воделе кај с. Бојмица (24. Ⅱ 1903), Гуменџе (27. Ⅶ / 9. Ⅷ), с. Крива (28. Ⅶ / 10. Ⅷ), Гандач (12-13/25-26. IX), с. Баровица (26–28. Ⅷ), Острово (4. Ⅷ), с. Горно Родево (10. Ⅷ), кај Демир Капија, Беш Бунар, Балинци, шешково (3 /16. Ⅷ), Копришница (13 /26. Ⅷ) и др. Атентати биле извршени на железничката линија меѓу Острово и Владово
(24. Ⅷ) и на железничката линија и мостот кај Гевгелија (28. Ⅶ /10. Ⅷ). Во Ⅲ востанички округ (Беласица) борби се воделе во Кукушко, кај селата Драгомирци, Крондирци, Грамадна, Неманци, Меѓурек, Мутулово, Мурарци, Алаџилари, Калиново, Постол и др. ЛИТ.: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт. Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает (1893–1903), Скопје, 2003.
В. Ѓ.