БОРБАТА ЗА МЕХОМИЈА

БОРБАТА ЗА МЕХОМИЈА (Разлог, Пиринскиот дел од Македонија, 1903) – битка на востаниците со османлиските сили на Крстовден 14/27 спроти 15/28 септември 1903 г. Подготовките за нападот биле откриени и борбата започнала предвремено, завршила неуспешно. Османлиските сили жестоко се пресметале со населението во градот, запалиле 95 куќи и убиле 45 мажи, жени и деца. ЛИТ.: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт.
Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунс