БОНДСТИЛ (BONDSTEEL)

БОНДСТИЛ (БОНДСТЕЕЛ) – воена база, седиште на штабот на силите на Армијата на САД, стационирани во близината на Урошевац (Косово), на ок. 60 км од Скопје. Базата е дел од Мултинационалната бригада–Исток, распоредена во т.н. Југоисточен сектор на КФОР. Именувана е според наредникот на Армијата на САД Џејмс Л. Бондстил (Јамес Л. Бондстеел), за заслугите во Виетнамската војна. Подигната е заедно со кампот Монтеит во близината на Гњилане во јуни 1999 г., по завршувањето на нападот на здружените сили на НАТО врз СРЈ и влегувањето на силите на КФОР на Косово, на површина од 955 акри (360.000 квадратни метри) за стационирање на 4000 американски војници. Тоа е најголемата американска воена база по завршувањето на Виетнамската војна (1976). Св. ш. и Т. Петр.