БОМБОЛОВИ

БОМБОЛОВИ (ⅩⅤⅠⅠⅠ–ⅩⅩ в.) – богато семејство во Прилеп. Ѓорѓи Бомбол бил дарител на манастирот Трескавец (1788). Во 1802 г. заедно со Димо Мијак, ја подигнале мермерната спомен-чешма под манастирот Трескавец. Бомболови имале големи чифлици и мануфактурна фирма. Се занимавале со трговија на мануфактурна стока, тргувале низ Европа, особено во Англија. Мирче Бомбол бил лихвар во Прилеп. Во време на членувањето на Бомболови во Црковно-училишната општина во Прилеп 1867/8 г., Општината се откажала од јурисдикцијата на Цариградската патријаршија. ЛИТ.: Прилеп и Прилепско низ историјата, кн. прва, Прилеп, 1971. М. Здр.