БОЗУК

БОЗУК – кордофон жичен народен инструмент од фамилијата двогласни тамбури, кој располага со вкупно шест мелодиски жици, поделени во две групи – за секој глас по три жици, наштимани во унисоно звучење. штимањето на инструментот е во интервал чиста кварта, а репертоарот е составен од посебни инструментални мелодии, но уште почесто бозукот се користи како придружник на народните песни. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија,