БОЗЕЛ (БОЗ, БОЗОВИНА)

Црвен бозел

БОЗЕЛ (БОЗ, БОЗОВИНА) (вид Самбуцус нигра Л., фам. Цаприфолиацеае) – мало листопадно дрво распространето низ Европа, западна Азија и во северна Африка. Има широка, бела и мека срцевина. Листовите се непарно перести. Цветовите се бели, собрани во штитести соцветија. Плодовите се црни и сочни коскички. Хигромезофилен и нитрофилен вид. На шар Планина, на јужната граница од овој ареал се среќава и црвениот бозел (С. рацемоса Л.), многу сличен на претходниот, но со мали димензии, со кафеава срцевина, жолтеникави цветови собрани во гроздести соцветија и со црвени плодови. Ал. Анд.