БОЖИНОВСКА, Елизабета

БОЖИНОВСКА, Елизабета (Скопје, 9. Ⅴ 1963) – правник, атлетичарка. Завршила Правен факултет во Скопје (1990). Младинска и сениорска репрезентативка на Македонија во атлетиката (7 години) и на Југославија (8). Поставила повеќе рекорди во Македонија на куси патеки. На десет балкански првенства освоила 1 златен, 3 сребрени и 2 бронзени медала (на 400 и на 4џ400 м). Во штафетата 4џ400 м на Медитеранските игри во Сплит (1979) освоила златен, а во Казабланка (1983) бронзен медал. Д. С.