БОЖИНОВСКА, Валентина

БОЖИНОВСКА, Валентина (Скопје, 13. Ⅳ 1967) – актерка. Дипломирала на Отсекот за актерска игра при ФДУ во Скопје (1990). Актерка во Драмата на МНТ (1993-1999), од 1999 г. асистент на предметот правоговор на ФДУ во Скопје. Настапувала и на сцените на други театри, како и во поетскиот алтернативен театар  „Скрб и утеха”. Улоги: Постарата сестра („Баал”); Мавра („Мртви души”); Даница („Народен пратеник”); Софрана („Јануари”) и други. Пратеник во Собранието на РМ. Р. Ст.