БОЖИГРОПСКИ, Хаџи Павел

Наслов на
„Неделното евангелие”
на Павел Божигропски
(Солун, 1852)

БОЖИГРОПСКИ, Хаџи Павел (с.Кониково, Воденско, по 1800 – с.Вртокоп, Битолско, октомври 1871) – македонски преродбенски деец, борец за црковна и јазична афирмација, преведувач и издавач на „Неделно евангелие“. По монахувањето и школувањето во Зографскиот манастир на Атон, станува учител во с. Патишка Река (Скопско), од каде што оди во Ерусалим и го добива чинот архимандрит и титулата аџија. Како мисионер на ерусалимскиот патријарх заминува во Русија, од каде што донесува свештенички одежди и кирилски книги, дел од кои подарува на родното село. Рано почнува да се занимава и со книжовна дејност. Во 1841 г. веќе го има препишано на црковнословенски и подготвено за печат „Апостолот“ (веројатно за печатење во повторно изгорената Солунска печатница на Т. Синаитски, па е отпечатен во Цариград во 1856). Од 1847 г. Божигропски е протосингел во Солун, главен претставник на ерусалимските манастирски таксидиоти во Македонија (1850–1856) и постојано ги крстосува градовите, гради метоси, чешми и сл. и општи со поразбудените дејци, поддржувајќи ја борбата за словенски јазик во црквите и народен во училиштата. За таа цел го преведува „Неделното евангелие“ од грчки на македонски јазик. Ракописот (паралелно на грчки и на македонски, со 124 страници) е делумно пронајден (74 страници) од фин-ски истражувачи (2003/04) во Библиотеката на Грчката православна патријаршија на Александрија и цела Африка (Египет). За потребите на црквата го објавува во Солун „Кониковското евангелие“ (1852) – кратка верзија со преведени само 4 велигденски евангелија на македонски, но со грчки букви. Во март 1856 г. ерусалимскиот патријарх го назначува за игумен на манастирот Калуга (кај Крајова, Романија). Во октомври 1860 г. преку Букурешт е назначен на служба во Цариград. Прави обид во грчката печатница на Кријак Држилович да се печатат и книги на словенски, но е наклеветен од патријаршиските претставници, па турските власти ја затвораат печатницата. Наскоро патува по словенските земји (Белград, Прага и др.) и се среќава со видни личности од науката и културата, собирајќи помош за ерусалимскиот манастир „Св. Ми-хаил“. Во 1866 год. се враќа во Воден и води борба за црквата, а во Гуменџе отвора словенско училиште. По заземањето на воденската црква, мора да бега во Солун и финансиски го помага училиштето на Славка Динкова. Подгонет од грчкиот владика, станува управник на Лесновскиот манастир кај Кратово (1867). Тука ги собира и ги буди првенците од околните градови во Македонија. Во јуни 1870 г. е пак поканет во Воден за претседател на Црковната општина, но наскоро одново е прогнат и се засолнува во Солун. Меѓувремено, Народниот собор на новооснованата Бугарска егзархија, по многу отпори, на 1. Ⅵ 1971 г. го избира за владика и го поканува да отиде во Цариград. По двомесечен престој е наз
начен за претседател на Црковната општина во Битола. На пат за определеното место се разболува и починува во воденското село Вртокоп.
БИБ.: шЕнаггелие на гÁспода š сп2са насего шИхсоуса Христњ…, Солон, 1852; Апостолљ или дѕџн·џ и послан·џ Свџт»хљ ‘
Апостолљ…, Цареградљ, 1856; СвџÃенное и божественное μваггел·е новагњ завѕта…, Цареградљ, 1858. ЛИТ.: А. П. Стоиловъ, Архимандритъ хаджи Павелъ Божигробски, неговта обÈествена и книжовна дейностÝ, „ОбÈъ подемъ“, И, 12, София, 1917, 1-19; Хр. шалдевъ, Народното пробуждане въ Боймия, „Македонски прегледъ“, Ⅵ, 4, София, 1931, 54-60; Д-р Блаже Ристовски, Портрети од македонската литературна и национална историја, И, Скопје, 1989, 96107; Јухани Нуорлуото, Нов наод: ракописот на Кониковското евангелие, зб.: ЏЏЏИ научна конференција на ЏЏЏВИИ меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. И. Лингвистика,
Скопје, 2005, 233-237; Јоуко Линдстет, За историјата на Кониковското евангелие, зб.: ЏЏЏИИ научна конференција, Скопје, 2006; Тхе Кониково госпел. Кониковско евангелие. Библ. Патр. Алеџ. 268. Едиторс Јоуко Линдстед, Лјудмил Спасов, Јахани Нуорлуото. Редактори: Јоуко Линдстет, Људмил Спасов, Јукани Нуорлуото, Социетас Саиентирум Фенница, Тамисаари/Екенäс, 2008. Бл. Р.