БОДЛИКА (ДИВ ПРНАР)

БОДЛИКА (ДИВ ПРНАР) . (Илеџ аљуифолиум Л., фам. Аљуифолиацееа) – трајно зелено, мало дрво, до 10 м високо, распространето во подрачјата под влијание на атлантската клима низ Европа, Мала Азија и северна Африка. Има мазна кора, крупни, овални, темнозелени листови со цел или со бодликав раб. Цветовите се бели, а плодовите црвени бобинки. Во РМ е ретка во подгорските букови шуми. Со темнозелените листови и црвените бобинки е многу декоративен вид (божикно дрво). Ал. Анд.