БЛГАРСКИ НОВИНИ

„БЛГАРСКИ НОВИНИ“ („НОВИНИ“, „РАБОТНИЧЕСКИ НОВИНИ“) (Хопкинс, Мичиген и Чикаго, САД, 5. Ⅲ 1905 – 31. Ⅹ 1908)  – весник, орган на бугарската и македонската емиграција во САД. Излегувал двапати месечно, на 5-ти и на 20-ти. Главни уредници биле Спас Ив. шумков и Илија Рибаров. Објавени се вкупно 125 броја. Првин бил преименуван во „Новини“. а потоа во „Работнички новини“. Низ содржините провејува социјалистичката ориентација. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 124-125; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 38-39. С. Мл.