БЛАТНА (МОЧУРИШНА) ВЕГЕТАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

БЛАТНА (МОЧУРИШНА) ВЕГЕТАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – се создава со зараснување на водните басени или со задржување на водата во ливадските, шумските, планинските и други екосистеми. На територијата на РМ се среќаваат два типа блата и мочуришта – низински (еутрофни) и висински (олиготрофни). Низинските блата и мочуришта се формираат во котлините, на местата од поранешните езера или долини на реки, од подземните и речните води, од врнежите и од површинските текови што се собираат од околните издигнати терени и во нив се собираат големи количества минерални материи. Еутрофната блатна (мочуришна) вегетација која се развива во нив има големи потреби од минерални материи и во неа доминираат трската, претставници од фамилијата Јунцацеае, Цѕперацеае, Поацеае и др. Заедници од овој тип среќаваме во повеќе котлини – Струмичка (с. Банско,  с. Моноспитово), Гевгелиска (Негорска Бања), Пелагонија (с. Чепигово, с. Новаци), Преспанска (с. Езерани, с. Стење), Охридскострушка (Студенчиште, Струшко блато) и други. Најзначајни блатни заедници се асс. Сцирпето-Пхрагмитетум (заедница на трска), Спарганио-Глѕцериетум флуитантис, Цѕперетум лонги, Царицетум елатае субасс. лѕсимацхиетосум, Марисецетум серрати и други. Со мелиорацијата, голем дел од нив се уништени или се среќаваат во фрагментарна состојба. Висинските (олиготрофни) блата (мочуришта) се развиваат во планинскиот и во високопланинскиот појас, се одржуваат од атмосферските води и се сиромашни со минерални материи. Доминираат видови на Спхагнум (Спхагнум-ови тресетишта), заедно со други мовови, претставници на фамилијата Цѕперацеае (Ериопхорум, Цареџ); фам. Сцхеуцхзериацеае (Сцхеуцхзериа) и други. Вакви заедници среќаваме на шар Планина, Кораб, Јакупица, Пелистер, во околината на Пехчево и други. Вл. М.