БЛАГОРОДНИЦИ МАКЕДОНЦИ ВО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ (ⅩⅤ-ⅩⅤⅠⅠⅠ в.)

БЛАГОРОДНИЦИ МАКЕДОНЦИ ВО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

(ⅩⅤ-ⅩⅤⅠⅠⅠ в.). Во Хабсбуршката монархија благородници Македонци биле Данчо Македонски (во денешна Војводина), Никола Македонец (жупан во Чанад), Ладислав Македонски, Волк Македонски (врховен жупан на Красо), семејството Монастерлија во Рац Ковин и потоа во Коморан и Самоил. Во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. благородници биле кир Хаџи Манојло во Будим, Теодор Николич од Велес; Георги и Јован Калиновичи од Дојран, Теодор Јанкович Миријевски, Данило Жефарович во Виена, Кири-ло Нако во Велики Сен Миклуш, Марко Сервиски (Ѓорѓевич) во Кањижа, Димитрие Анастас/иевиќ – Сабов од Негуш, семејството Баичи од Блаца во Митровица, како и семејствата Дука, Дарвар и Спирта од Клисура, во Земун и во Виена. ЛИТ.: В. А. Дуишин – Д. Ј. Поповић, Племићке породице, Војводина, 2, Нови Сад, 1939; Александар Матковски, Грбовите на Македонија (Прилог кон македонската хералдика), Скопје, 1970. М. Здр.