БЛАГОЕВ, Димитар Николов

Димитар Благоев

БЛАГОЕВ, Димитар Николов (псевд. Дедото, Братанов, Сенекс) (с. Загоричани, Костурско, 1856 – Софија, 7. Ⅴ 1924) – револуционер, учител, писател и публицист. Основоположник и предводник на социјалдемократското и комунистичкото движење во Бугарија.  Револуционерна активност пројавува и во македонското ослободително движење. Во 1917 г., како шеф на Социјалдемократската парламентарна група во Бугарскиот парламент, сите бугарски војни што се воделе во Македонија ги оквалификува како завојувачки и, како Македонец, бара Македонија да се оформи во самостојна балканска држава. Неговата писмена револуционерна активност е објавена во ⅩⅩ тома. 

БИБ.: Димитър Благоев, Принос към историята на социализма въ България, София, 1906; Социјалдемокрацията против воината (Реч в Народното събрание от
10. Ⅻ 1917). Стенографски Дневници на ⅩⅤⅠⅠ-то Обикновено Народно събрание, четвърта редовна сесия, кн. И, София, 1930,
217. О. Ив.