БИЦИЛИ, Петар Михајлович

БИЦИЛИ, Петар Михајлович (Одеса, 1. IX 1879 – Софија, 24. Ⅷ 1953) – историчар и филолог. Дипломирал општа историја на Новоросискиот универзитет во Одеса (1904), а потоа специјализирал во Германија, Франција и Италија. Магистрирал на историски науки на Петербуршкиот универзитет (1917), а потоа бил професор по општа историја на Новорусискиот универзитет во Одеса (1918-1920). Кон крајот на зимата 1920 г. со семејството пристигнал во Врање, по што бил избран за доцент на Катедрата за општа историја на Филозофскиот факултет во Скопје (1920-1923). Во Скопје ја напишал книгата „Увод у светску историју” (Београд, 1923). До изнуденото пензионирање бил раководител на Катедрата по нова историја на Софискиот универзитет (1924-1948). Неговите истражувања биле насочени во областа на новата општа историја, литературната историја и историјата на руско-балканските политички и културни врски. Автор е на десетина монографии и голем број други научни прилози. Во 1993 г. во Бугарија започна објавувањето на неговите избрани дела. ЛИТ.: Хр. Гандев, Проф. Петљр Михајлови= Бицилли, „Векове”, Но 2, Со-фиџ, 1980, 38-42; Миливоје Јовановић, Историчар европске културе. Отргнут од заборава: Петар Бицили, „Политика”, ЏЦИВ, 29912, Београд, 1. Ⅱ 1997, 20. С. Мл.