БИТРАКОВ, Димитар Кирилов

(Охрид, 12. IX 1925) – математичар. Дипломирал (1950) на Филозофскиот факултет и станал асистент по математика (1953) на Техничкиот факултет, ред. проф. (1979) на Математичкиот факултет, а од 1985 на Градежниот факултет. Еден од првите автори на учебници по програмирање и програмски јазици. Декан (1982– 84) на Математичкиот факултет.
БИБ.: Увод во програмскиот јазик ФОРТРАН Ⅳ, Скопје, 1972.; Д. Битраков, С. Георгиевска, Курс по диференцијално и интегрално сметање, Скопје, 1975; ПЛ/1 – Програмски јазик, Скопје, 1981; Програмирање на ФОРТРАН Ⅳ,  Скопје, 1982. ЛИТ.: Развој и состојба на математичките науки во СР Македонија, МАНУ,
1987; 50 години Градежен факултет – Скопје 1949–1999, Скопје, 1999, стр.
185–186. Н. Ц.