БИТОЛСКО-ПРЕСПАНСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ДАМЈАН ГРУЕВ”

БИТОЛСКО-ПРЕСПАНСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДДАМЈАН ГРУЕВ” . (над с. Златари на пл. Бигла, Ресенско, 6. Ⅶ 1942 – с. Сливово, Охридско, 18. Ⅷ 1943) – воена единица на НОВ и ПОМ. Наскоро по формирањето ја уништил општинската зграда и одржал митинг во с. Смилево (2. Ⅷ), извршил напади на бугарските сили во селата Кажани (Битолско, 18. Ⅷ), Златари (21. Ⅷ), с. Сопотско (Ресенско,  21. Ⅹ 1942) и др., а потоа се поделил на две групи и се префрлил на територијата на Преспа под италијанска окупација. Во неговиот состав влегол и Битолскиот НОПО „Јане Сандански”. По заминувањето во Леринско и Костурско, заедно со Леринскиот НОПО „Вичо” учествувале во разбивањето на месните контрачети (април мај 1943). Потоа пак се вратил во Битолско, со зголемен прилив на нови борци, а од издвоените борци од Битолско бил формиран новиот Битолски НОПО „Гоце Делчев”(22. В). Подоцна главнината од одредот преминала во Дебарца (17. Ⅶ), каде што извршувала диверзантски акции и влегла во составот на новоформираниот НО баталјон „Мирче Ацев”. Де-лот од одредот што останал во Преспа, по капитулацијата на Италија, заедно со Битолскиот НОПО „Гоце Делчев”, кај с. Љубојно разоружале над 200 италијански војници (12. IX), а подоцна влегле во составот на Битолскиот НО баталјон „Стив Наумов” (ноември 1943). Наредната година пак бил формиран истоимен одред (4. IX 1944) и дејствувал долж патот РесенБитола во составот на 49-та дивизија на НОВЈ. ЛИТ.: Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982; Владо Стрезовски – Ѓорѓи Димовски-Ласков, 7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВЈ, Битола, 1987, 23–31; Македонија од устанка до слободе 1941–1945. (Зборник радова), Београд, 1987. С. Мл.