БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (1944)

БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (август 1944 – ноември 1944) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Учествувал во борбите за ослободување на Битолско, а потоа влегол во состав на Седмата македонска (битолска) НО бригада. ЛИТ.: Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982; Владо Стрезовски – Ѓорѓи Димовски-Ласков, 7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВЈ, Битола, 1987; Македонија од устанка до слободе 1941-1945. (Зборник радова), Београд, 1987. С. Мл.