БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (1916)

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (17. IX – 3. Ⅹ 1916)

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (17. IX – 3. Ⅹ 1916) – битка помеѓу антантините и војските на централните сили. Српската војска ги нападнала бугарските утврдени позиции (17. IX) и се водела борба човек на човек. Бугарската војска извршила противнапад (26. IX) и повторно ги запоседнала позициите. Српската војска извршила нов силен напад (30. IX), го освоила Кајмакчалан, а потоа (3. Ⅹ) и позициите на Сивиот Брег и на Старковиот Заб, па бугарските сили биле принудени да се повлечат кон Црна Река.
В. Ст.