БИТКАТА НА ДОБРО ПОЛЕ

(14–21. IX 1918) – решавачка битка со која бил пробиен Македонскиот фронт. Нападот го започнале 1-та и 2-та српска армија врз позициите на 2-та и 3-та бугарска дивизија во составот на 11-тата германска армија. Најжестоки борби се воделе на линијата од Рудина кон Сушица, потоа кај Ветерник. Бугарските сили се повлекле кон боровата Чука и кон Кравички Камен. По загубата на врвот Сокол, го загубиле и Добро Поле и на силите на Антантата им бил отворен патот за продирање кон Козјак. Битката завршила на линијата Криволак–Градско–Велес. ЛИТ.: Богдан Кризман, Доброполјска битка, „Војноисториски гласник”, бр. 6, Београд, 1966.
В. Ст.