БИТКАТА КАЈ ФИЛИПИ

БИТКАТА КАЈ ФИЛИПИ (42 год. пр.н.е.) – помеѓу војските на Брут и Касиј (заговорниците што го убиваат Цезар) и војската на римските конзули Антониј и Октавијан. Во Македонија навлегува војската на Антониј и Октавијан и стасала до гр. Филипи. Во битката Антониј му нанесува пораз на Касиј, кој си го одзел животот, а војската на Октавијан ја поразила војската на Брут. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ И, Скопје, 2000. А. шук.