БИТКАТА КАЈ СПЕРХЕЈ

Битката кај Сперхеј (според Скилица)

(есента 996) – помеѓу македонската војска, предводена од Самуил и византиската, предводена од војсководецот Никифор Уран. Се одиграла во Елида, кај р. Сперхеј, близу до Термопилите. Самуил се враќал од походот во Јужна Грција и се улогорил на десниот брег на реката, а Никифор Уран на спротивниот брег. Византијците успеале ноќе да најдат премин преку надојдената река и ненадејно го нападнале логорот на Самуил. Македонската војска доживеала катастрофален пораз. Во битката загинале голем број војници. Самуил и син му Гаврил Радомир биле ранети, но успеале да се спа-сат криејќи се меѓу загинатите војници, а во текот на ноќта незабележано се повлекле и се вратиле во Преспа. И покрај поразот, Самуиловата држава продолжила да јакне и да се проширува. ЛИТ.: С. Антолјак, Самуиловата држава, Скопје, 1969, 49–51; С. Пириватрић, Самуилова држава, Београд, 1997, 103. К. Аџ.