БИТКАТА ВО ТРСЈЕ

БИТКАТА ВО ТРСЈЕ (с. Леринско, крајот на мај 1902) – битка помеѓу четата на Марко Лерински и османлиска потера. Во с. Трсје влегла османлиска потера за да ги разоружа тамошните селани и притоа биле откриени четата на Марко Лерински и костурските раководители Пандо Кљашев и Васил Чакаларов. По неколкучасовна битка четата се извлекла без загуби, а од османлиска страна загинале 7 војници. Поради овој настан биле приведени 120 селани, а од нив 30 биле одведени во Битолскиот затвор. ЛИТ.: Хр. Силянов, Освободителните борби на Македония, 1, София, 1933. В. Ѓ.