БИТКАТА ВО МОГИЛА

БИТКАТА ВО МОГИЛА (с. Битолско, 8/21 мај 1903) – битка помеѓу четата на Параскев Цветков и турската војска и жандармерија. По извршено предавство во ноќта 20/21 мај четата била опколена. Војводата Цветков бил предупреден за опколувањето, но решил четата да се бори. Битката продолжила до наредниот ден. Турските сили употребиле артилерија. Од дваесетина души, колку што броела четата, загинале 13-14, меѓу нив и војводата Параскев Цветков. Загинатите биле погребани покрај олтарот на селската црква во заедничка гробница. ЛИТ.: Хр. Силянов, Освободителните борби на Македония, 1, София, 1933. В. Ѓ.