БИЛТЕН НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

БИЛТЕН НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ” . – службен орган на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во кој се објавуваат извештаите на рецензентските комисии за избор во наставно-научни, научни и соработнички звања, рецензиите на докторски дисертации и рецензиите за учебници во високото образование, како и рефератите за избор во звањата „почесен професор” и „почесен доктор” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Излегува од мај 1957 година, двапати месечно. Го уредува генералниот секретар на Универзитетот. До 2004 година се излезени 868 броја. К. Камб.