БИЛТЕН НА ДРУШТВОТО НА ФИЗИЧАРИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

(„Буллетин дес пхѕсициенс де ла Републиљуе Мацедоине“) – научно и стручно списание што го издава ДФМ, во 1977 издвоено од „Билтенот на ДМФМ“. Во периодот 1977–2003 г. се издадени 15 тома со околу 1.800 страници. Објавени се 185 статии, главно научни и стручни, и помал број информации за членството од општ карактер или написи за одделни членови. Последниве десетина години повеќето написи се насочени кон образованието по физика. Во овој период како автори се јавуваат и лица од други земји. Главни редактори биле: Ѓ. Синадиновски (1977–79), З. Стојанов (1980–83), В. Гучев (1984–87), Г. Мавродиев (1988– 91), Д. Гершановски (1992–93), Љ. Петковски (1994–96), Б. Велјаноски (1997), В. Мицевски (1998–99), М. Фукарова-Јуруковска (2000– 01) и Н. Андоновска (2002–03). В. Ур.