БИЛТЕН НА ДРУШТВОТО НА МАТЕМАТИЧАРИТЕ И ФИЗИЧАРИТЕ НА НРМ (СРМ)

– научно списание. Излегува по еден број годишно од 1950 до 1976 г., со вкупно 26 книги. Во 26-те броја, на околу 1.900 страници, се објавени 235 научни и стручни прилози од кои околу 180 од областа на математиката, а околу 55 од областа на физиката, пишувани на македонски, српски, англиски, француски, германски, руски јазик или есперанто. Објавени се и статии со информации за членството. Првиот редакционен одбор: М. Каталиниќ, Д. С. Митриновиќ, О. Печијаре, Б. С. Попов и Ј.Улчар. Од 1977 г. излегува како „Математички билтен“ и „Билтен на Сојузот на друштвата на физичарите од СРМ“. ЛИТ.: „Математички билтен”, кн. 14 (ЏЛ), 1990; истото, кн. 24 (Л), 2000. Н. Ц.