БЕТОН , Градежно претпријатие

„БЕТОН”, Градежно претпријатие – формирано е на 22. Ⅻ 1947
г. во Скопје. Основоположник на претпријатието и прв директор е ДГ „Бетон” АД – Скопје
дипл. инж. Ванчо Карајанов (до 1952 г.), а потоа Блажо Ристоманов (до 1982 г.). Организирано е за изградба на јавни, станбени, индустриски и инженерски објекти, а подоцна се занимава и со изградба на објекти од хидроградба и нискоградба, како и со проектирање, истражување, надзор и контрола на сите видови градежни објекти. Во еден период е со најголем број вработени (околу 8.700). Успешно соработува со повеќе земји (Германија, Чехословакија, Либија, Ирак, Русија, Латвија, Украина, Бугарија), каде што има изградено значаен број објекти (јавни, деловни, образовни, медицински, индустриски, верски, станбени, мостови, силоси и др.). Од 1995 г. е трансформирано во акционерско друштво, поделено на повеќе субјекти „Бетон”: Битола, Велес, Кочани, Охрид, Радовиш, Струмица, Штип, Тетово и Куманово. Како најголемо друштво во Македонија се конституира ДГ „Бетон” АД – Скопје (со девет работни единици). ЛИТ.: Материјали од документацијата на ГП „Бетон”. Р. Д.