БЕРОВСКА, Лика Стојанова

(Струга, 1885 – Струга, 1955) – револуционерка и носителка на Илинденска споменица. Учествувала во Илинденското востание. Во НОБ нејзиниот дом во Струга се претворил во илегално место за состаноци, собирање на лекови и ранети борци. Била успешна курирка во окупираниот и во ослободениот дел на Западна Македонија во текот на НОБ. ЛИТ.: П. Карајанов и др., Личности од Македонија, Скопје, 2002. Ал. Тр.