БЕРИЌ, Миленко Бориславов

(Стара Паланка, Србија 12. Ⅹ 1899 – Белград, Србија, 1986) – гинеколог-акушер, редовен професор на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Берлин (1924) и специјализирал гинекологија и акушерство во Берлин и во Париз. Во 1951 г. е именуван за редовен професор, шеф на Катедрата по гинекологија и акушерство и директор на Гинеколошко–акушерската клиника во Скопје и на овие функции останува до 1957 г. З. Ⅹ.