БЕРДАНКА

– пушка од почетокот на втората половина на ⅩⅠⅩ век, опеана во македонските народни песни. Така е именувана според американскиот генерал и конструктор на оружје Хајрем Бердан (Хирам Бердан) (?‡1893). Таа е со усовршен затворач со преклопување нанапред и со чепно вртење и тогаш била користена во вооружувањето на европските армии. ЛИТ.: Панчо Михаилов, Б„лгарски народни песни от Македони®, Софи®, 1924, 259; Збирка на македонски народн и песни. Редактирал; Блаже Конески. Скопје, 1945, 330; Битола, бабам Битола. Народни песни во кои се споменува Битола. Собрал, предговор и речник напишал проф. Филип Каваев. Битола, 1959, 90. С. Мл.