БЕЛЕЗИ (1967 – 1968)

„БЕЛЕЗИ” (април 1967 – 1968) – месечно списание за литература, култура и уметност во Скопје. Неговата појава е израз на забрзаниот развој на современата македонска литература, на превирањата во неа и на младешкиот ентузијазам карактеристичен за шеесеттите години. Главен и одговорен уредник Димитар Башевски. Редакција: Тодор Чаловски, Драгица Стоилковска, Константин  Поповски, Арслан Исмаил, Хасан Мерџан и Аљуш Камбери. В. Тоц.